Охрид, 12. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
– На катарстарска парцела на улица „Беќир Алириза“ во Охрид, спротивно од Законот за градење и без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган, изградил семејна куќа. Неправилностите биле констатирани при вонреден инспекциски надзор извршен на 30-ти октомври 2024 година од овластен градежен инспектор при одделение за инспекциски надзор при општина Охрид, кога е донесено решение за отстранување на градбата, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 24