Охрид, 13. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва од 17:00 часот ќе се одржи Мултикултурен фестивал кој ќе го слави богатството на различностите преку храна, традиционални занаети, фолклор и обичаи на етничките заедници кои живеат во нашиот регион.
Фестивалот е организиран од Локалниот совет на млади и е осмислен како место на сплотување и взаемно разбирање. Посетителите ќе имаат можност да ја искусат уникатната културна разноликост преку дегустација на традиционални специјалитети, презентација на занаети, музика, танц и приказ на обичаи кои ја одразуваат душата на секоја заедница.
– Овој настан ја истакнува вредноста на различностите кои го збогатуваат нашето општество и претставува потсетник дека културата, храната и традициите нè обединуваат, истакнуваат организаторите од Локалниот совет на млади.
Ги покануваат сите граѓани, гости на градот и љубители на културата да ни се придружат во овој свечен момент на славење на мултикултурниот мозаик на Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива