Охрид, 13. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Групацијата на граѓански организации „Збогум Буково“ денеска со почеток во 5 до 12:00 часот ќе одржи прес конференција, на која ќе бидат презентирани заклучоците од неодамна оддржаната јавна панел дискусија за дивите депонии-сметилишта во „Буково“ и „Мауцкер“.
Предвидено е да се презентираат активностите и роковите за „затворање“ на дивата депонија-сметилиште „Буково“, како и изградба на регионалната депонија во Југозападниот регион.
Членовите на групацијата се очекува да ги соопштат и понатамошните чекори на делување на „Збогум Буково“ во насока на справување со еколошките предизвици, особено со загадениот воздух во нашиот регион.
Прес конференцијата ќе се одржи во кафе барот „Steve’s Coffee House“ во склоп на хотелот „Ројал“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива