Охрид, 13. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Милиони луѓе во светот на петок 13-ти остануваат дома за да избегнат некаква несреќа, не допираат остри предмети, не преземаат ризици и поголеми активности, убедени дека ќе им се случи нешто лошо.
Зошто токму петок 13-ти се смета за несреќен ден кај луѓето?
Суеверието поврзано со овој ден има и историско и библиско значење. На последната Исусова вечера присуствувале 13 гости, а Велипеток е денот на распнувањето на Исус Христос.
Дворецот на цар Соломон бил уништен во петок, а Ева му го дала јаболкото на гревот на Адам исто така во петок. Наспроти суеверијата постојат и тврдења поврзани со бројот тринаесет дека на одредени луѓе им се случувале непријатни работи токму на овој ден.
Еден од првите забележани историски настани што се случи во петок на 13-ти беше апсењето на сите членови на редот „Витези Темплари“ низ цела Франција, наредено од францускиот крал Филип IV на 13-ти октомври 1307 година. Налогот за апсење на големиот мајстор Жак де Моле, кој живеел во Париз, исто така е извршен на 13-ти октомври 1307 година. Оваа акција на крај довела до укинување на Темпларскиот ред од страна на папата.
Некои од нив се разболувале на овој ден или пак им се случувале несреќи. Психолозите научното објаснување за тоа го наоѓаат во самата одбивност или преокупираност на луѓето поттикнато од приближувањето на тој ден. Затоа тој ден кај нив вниманието е насочено многу повеќе кон она што ќе случи, и од невнимание кон се останато самите си ги предизвикуваат непријатните работи.
Често се случува луѓето да се поврзани со немоќ од одредени предрасуди, слабост или изнесување на туѓи искажувања и искуства.
Но сепак стравот од суеверието е поврзан со погрешна проценка на одредени ситуации. Наспроти верувањето дека станува збор за баксузен ден, за многумина петок 13-ти е исклучително среќен ден.
Некои од најголемите добивки на игрите на среќа во светот се случиле на овој ден. Според статистиките на осигурителните компании во светот се покажува дека бројот на случаи на кражби или пожари кои се појавиле на петок 13-ти во месецот низ годините е рамен на нула. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива