Охрид, 13. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, на 15-ти декември 2024 година, Охрид ќе биде домаќин на Државното првенство во веслање на ергометар.
Натпреварите ќе се одржат во просториите на Центарот за спасување на планина со почеток во 10:00 часот, во организација на Веслачкиот клуб „Горица Ремо“ од Охрид, а под покровителство на Веслачката федерација на Република Македонија.
Учество ќе земат најдобрите веслачи од земјата, вклучувајќи претставници од ВК „Горица Ремо“ од Охрид, ВК „Црн Дрим“ Струга, ВК „Дебар“ и ВК „Врбник“ од Струга.
– Натпреварите ќе се одржат во машка и женска конкуренција во категориите пионери на еден километар, кадети, јуниори и сениори на два километри и ветерани на еден километар. Сите љубители на спортот, а особено оние заинтересирани за веслањето, се покануваат да ги следат натпреварите и да бидат дел од овој возбудлив спортски настан во Охрид, информираат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива