Охриѓанецот Наум Стојановски го освои златото во категоријата младинци на турнирот „Златна ракавица” во Ниш
декември 14, 2024

Охрид, 14. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиoт боксер Наум Стојаноски од клубот „Алексо Огненоски“ од Охрид го освои златото во категоријата младинци во финалето на 67. Меѓународен турнир „Златна ракавица”, во Ниш, Република Србија.

Во вчерашното полуфинале тој го победи Димитрије Лукиќ од Србија, а во борбата за златниот медал го совлада Богдан Милосављевиќ од Србија со прекин во третата рунда.

Лука Трифуновиќ и Енис Алиу беа загубија во полуфиналните борби. Утре во финалните ќе се појават четворица наши боксери.

Националниот тим во Ниш го предводат тренерите Владими Цекиќ и Мухамед Алија, додека во делегацијата се и националните судии Мејдин Бајрамов и Артан Алију. На турнирот настапуваат 100 боксери во машка и женска конкуренција од 10 држави. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука