MixMag Adria: „Тајната“ ќерка на Путин, Елизавета Кривоногих живее во Париз и работи како Dj
декември 17, 2024

Охрид, 17. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Тајната“, трета ќерка на Владимир Путин, Елизавета Кривоногих, наводно живее под псевдоним во Париз, каде работи како Dj.

MixMag Adria ја пренесува информацијата на телевизијата ТСН, дека 21-годишната Кривоногих живее под псевдонимот Луиза Розова, дека е поранешна студентка која моментално работи во светот на модата и како Dj.

Според истиот извор, таа го користи името Елизавета Олеговна Руднова, претставувајќи се како ќерка на Олег Руднов, поранешен медиумски менаџер и пријател на Путин, кој почина во 2015 година.

Девојката е родена по аферата која Путин ја имал додека бил во брак со Људмила Путин. Се наведува дека мајка на Елисавета е Светлана Кривоногих, поранешна чистачка која сега е една од најбогатите жени во Русија.

Руските медиуми објавија и дека нејзиниот Instagram профил кој е приватен – покажува дека сака „да се забавува со пријателите, да танцува и да слуша музика“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука