Охрид, 17. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Името на оваа млада дама е Викторија Лоба и ненаметливо со децении опстојува на македонската забавна сцена.
Има одлични хитови, изгледа прекрасно и одлично пее. Го има тројството за успех и токму тоа ја одржува толку време на нашата естрада. Неодамна порача дека со радост ја споделува новата песна „Бумеранг“, за која објави и видео запис.
– „Бумеранг“ не е само песна, тоа е порака, потсетник дека љубовта, добрината и искреноста се враќаат како ехо, токму кога ни се најпотребни. Со оваа песна сакам да ја испратам 2024 година со благодарност и да ја пречекам 2025 година со надеж и радост. Верувам дека ова ќе биде химна за нови почетоци и позитивна енергија за сите нас, порача Викторија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива