Охрид, 20. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Двократниот победник на престижниот избор за песна на Евровизија – Loreen го претстави новиот сингл „Gravity“, кој доаѓа по одличните „Warning Signs“ и „Forever“.
– Ова е песна за невидливите сили што нè обликуваат – привлечноста на љубовта, тежината на желбата и тивкиот глас внатре што не води низ сето тоа. Ова е песна за довербата, и во другите и во нас самите, и за наоѓање убавина дури и во моменти на неизвесност, вели Loreen за новиот сингл.
Таа се стекна со светска слава со победничката песна „Euphoria“ во 2012 година, а нејзиниот настап сè уште се смета за еден од најнезаборавните во историјата на Евровизија.
На почетокот на оваа година таа повторно ја воодушеви публиката ширум светот со извонредната изведба на песната „Tattoo“, со која влезе во историјата како прва музичарка која два пати победила на Евровизија.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива