Се зборува на Facebook: Над 100 илјади Македонци го користеле аеродромот во Тирана, ќе ја издржи ли охридскиот трката?
декември 16, 2024

Охрид, 16. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека повеќе од 100 илјади Македонци го користеле аеродромот во Тирана, во период кога бројни летови периодов наназад беа откажани од охридскиот „Св. Апостол Павле“ е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress.

Се’ поголем број македонски државјани ги користат услугите на меѓународниот аеродром во Тирана, од каде моментно може да се патува на 129 директни дестинации. Тоа го потврдува и бројката од над 100 илјади македонски државјани кои пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации. Овој аеродром претставува единствениот меѓународен аеродром во регионот, со широка покриеност и многу пристапни цени. Него се повеќе го користат и граѓани од Црна Гора и Косово. Во периодот јануари-ноември регистрирани се 800 илјади косовски и 200 илјади црногорски државјани.

Читателите на OhridPress потенцираат дека ако не се смени нешто драстично во начинот на кој се стопанисуваат аеродромите кај нас, секако ќе ја изгубиме оваа трка за патниците. Други се со став дека не се користи само аеродромот, туку и агенциите во Албанија, за кои читателите тврдат дека имаат поволни цени. Читателите потсетуваат дека е потребно да се смени целиот систем и дека мора итно да се реагира за да не се изгуби чекор со новото време и потребите на патниците. Според нив е потребна итна модернизација на аеродромот, но и целата околна патна инфраструктура, пристапните патишта до Охрид и аеродромот, како и комплетното патно поврзување во држвата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука