„Подобро здравје за секој поединец“ со „Жан Митрев клиник“: Денеска бесплатни разговори со д-р Димче Марковски, специјалист по оторинголарингологија во канцеларијата во Охрид
декември 21, 2024

Охрид, 21. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – И во времето на предпразничната еуфорија пулсираме заедно со Вас, информираат од канцеларијата на „Жан Митрев клиник“ во Охрид, од каде ја продолжуваат мисијата за промоција на здравјето и превенцијата.

– Зимата и ниските температури, престојувањето во затворени, непроветрени простории, намалениот имунитет, намалените физички активности се доволни предуслови за полесно и почесто да се шират вирусни и бактериски инфекции. Понекогаш, ваквите состојби може да имаат и сериозни последици. Некои од нас се изложени на поголеми ризици од развој на компликации, заради што овојпат информациите и разговорите ги посветуваме на се она што Ве интересира во врска со настинките, инфекциите, болките и инфекциите на уво, синусните инфекти, посложени тегоби, симптоми кои долго траат и сл. Денеска прашајте се’ што Ве интересира за Вашето здравје на оваа тема. Информирајте се и активно бидете чувари на сопственото здравје. Во Канцеларијата на Референтниот Центар на „Жан Митрев“ клиника во Охрид, овој пат разговорите ќе ги води д-р Димче Марковски, специјалист по оторинголарингологија, дел од тимот на специјалисти на „Жан Митрев“ Клиника. Разговорите се од 10:00 до 16:00 часот и се бесплатни, информираат од канцеларијата на „Жан Митрев клиник“ во Охрид.

Канцеларијата на референтниот центар „Жан Митрев клиник“ во Охрид која се наоѓа на улицата „7-ми Ноември“, број 27, на првиот кат влез 1. Телефонот е 071/313-301, на кој можете да ги контактирате за сите дополнителни детали. Повеќе за референтниот центар „Жан МИтрев клиник“ во Охрид ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука