Охрид, 17. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го празнуваат денот посветен на Св. маченичка Варвара.
За време на императорот Максимилијан во Илиопол живеел еден богат човек по име Диоксор, а неговата жена рано починала. Единствената ќерка Варвара ја сакал многу и ја чувал како своите очи. Полагал голема грижа за ќерка си и за нејзиното воспитување. Девојката била необично убава и до нејзиното полнолетство татко и ја чувал во своите богати одаи на една висока кула. Девојката не гледала никого, освен воспитувачките и слугинките.
Гледајќи во природната убавина почнала да размислува: чија рака ја создала таа убавина? И добивала одговор, да никој не го сторил тоа освен вистинскиот Бог, кој ја создал небесата и основал земјата. На таков начин размислувајќи девојката се издигнала со мислата и со срцето кон Создадетелот на се. Сакала да дознае за Бога, но немала учител.
Но Господ по своја благодат и внушил стремеж и ја готвел да ја сознае вистината.
Изминале години, девојката пораснала и татко и нејзин веќе мислел да ја омажи. Се јавувале многу кандидати, бидејќи сите ја знаеле нејзината убавина и богатството на нејзиниот татко. Тој и ја открил на ќерка си својата желба, но таа не помислувала на никаков брак. По извесно време откако излегла од кулата се запознала со многу луѓе и дошла во допир со некои Христијанки.
Од нив слушнала за Господа и за неговата света наука, како Единородниот Син Божји Исус Христос станал човек и претрпел страдања и смрт за да ги спаси луѓето од вечната смрт.
Срцето на девојката кое одамна чезнеело за вистината со неописива радост ја примила благата вест за спасението и се исполнила со вера и пламена љубов кон Бога. Таа веќе мислела и сакала да стане Христијанка. Наскоро таа желба и била исполнета.
Во Илиопол дошол од Александрија еден свештеник. Кога дознал за желбата на Света Варвара и го објаснил Христијанскиот Закон и ја подготвил да го прими Светото Крштение и подоцна ја крстил. Света Варвара усрдно се грижела да стане достојна на името Христијанка.
Го минувала времето постојано во молитва и размислување за Бога. Кога нејзиниот татко разбрал дека постанала Христијанка многу се разгневил, бидејќи бил огорчен противник на Христијанството. А кога нејзиниот татко еднаш се оддалечи од градот, таа излезе од кулата и по Божја Промисла се сретна со некои христијанки коишто ѝ ја јавија вистината на Христовата вера. Срцето на Варвара пламна со љубов кон Господ Христос.
Тропар
Света Варвара да ја почитуваме, зашто сечесната со помошта на оружјето на Крстот ѓаволските мрежи ги искина и како птица од нив се ослободи. (Крај)
извор: mpc.org.mk фото: архива