Во среда „Новогодишен сон“, хуманитарен настан на плоштадот „Чинар“
декември 17, 2024

Охрид, 17. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, на 18-ти декември 2024 година, во 12:00 часот, на плоштадот „Чинар“ ќе се одржи новогодишниот хуманитарен настан „Новогодишен сон“.

Истиот има за цел да ја поттикне креативноста, хуманоста и солидарноста кај децата од основните училишта, но и возрасните волонтери на Црвен крст Охрид, преку изработка на најразлични новогодишни украси и предмети кои ќе бидат истакнати за продажба. Со секој купен производ ќе бидат извлекувани награди. Во забавниот дел од настанот, со музички точки ќе настапат ученици од второ и трето одделение од основните училишта во општина Охрид, а присутен ќе биде и Дедо Мраз. Средствата собрани од оваа хуманитарна продажна акција ќе бидат наменети за разубавување на Новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид.

Настанот е во организација на Црвен крст, во соработка со Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука