Црква Света маченичка Варвара во Варош, Охрид
декември 17, 2024

Охрид, 17. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го празнуваат денот посветен на Св. маченичка Варвара.

Православниот храм во Охрид посветен на оваа светица, се наоѓа во срцето на стариот дел на градот, веднаш до влезот на Античкиот театар, на улицата „Илинденска“, која води кон Горна порта и Самуиловата тврдина.

Изградена е во 1965 година. На самото место постоело камарче во кое стоела иконата на Св. великомаченица Варвара, кое и денес постои на северниот ѕид.

По уривањето на придружните објекти и демонтирањето на иконостасот на црквата „Св. Јован Богослов Канео“, истиот е поставен во оваа црква, а иконите се сместени внатре во црквата со цел да се заштитат.

За време на императорот Максимилијан во Илиопол живеел еден богат човек по име Диоксор, а неговата жена рано починала. Единствената ќерка Варвара ја сакал многу и ја чувал како своите очи. Полагал голема грижа за ќерка си и за нејзиното воспитување. Девојката била необично убава и до нејзиното полнолетство татко и ја чувал во своите богати одаи на една висока кула. Девојката не гледала никого, освен воспитувачките и слугинките.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Гледајќи во природната убавина почнала да размислува: чија рака ја создала таа убавина? И добивала одговор, да никој не го сторил тоа освен вистинскиот Бог, кој ја создал небесата и основал земјата. На таков начин размислувајќи девојката се издигнала со мислата и со срцето кон Создадетелот на се. Сакала да дознае за Бога, но немала учител.

Но Господ по своја благодат и внушил стремеж и ја готвел да ја сознае вистината.

Изминале години, девојката пораснала и татко и нејзин веќе мислел да ја омажи. Се јавувале многу кандидати, бидејќи сите ја знаеле нејзината убавина и богатството на нејзиниот татко. Тој и ја открил на ќерка си својата желба, но таа не помислувала на никаков брак. По извесно време откако излегла од кулата се запознала со многу луѓе и дошла во допир со некои Христијанки.

Од нив слушнала за Господа и за неговата света наука, како Единородниот Син Божји Исус Христос станал човек и претрпел страдања и смрт за да ги спаси луѓето од вечната смрт.

Срцето на девојката кое одамна чезнеело за вистината со неописива радост ја примила благата вест за спасението и се исполнила со вера и пламена љубов кон Бога. Таа веќе мислела и сакала да стане Христијанка. Наскоро таа желба и била исполнета.

Во Илиопол дошол од Александрија еден свештеник. Кога дознал за желбата на Света Варвара и го објаснил Христијанскиот Закон и ја подготвил да го прими Светото Крштение и подоцна ја крстил. Света Варвара усрдно се грижела да стане достојна на името Христијанка.

Го минувала времето постојано во молитва и размислување за Бога. Кога нејзиниот татко разбрал дека постанала Христијанка многу се разгневил, бидејќи бил огорчен противник на Христијанството. А кога нејзиниот татко еднаш се оддалечи од градот, таа излезе од кулата и по Божја Промисла се сретна со некои христијанки коишто ѝ ја јавија вистината на Христовата вера. Срцето на Варвара пламна со љубов кон Господ Христос. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука