Скопје, 18. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија Перпарим Бајрами кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија.
Јавното обвинителство вчера соопшти дека ќе побара од Министерството за внатрешни работи да распише потерница по овие две лица на кои Основноот кривичен суд им определи мерка притвор од 30 дена.
Двете лица се недостапни за органите на прогонот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 39