Охрид, 18. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во ПУ „Кочо Рацин во селото Долно Лакочереј се спроведува проектот „Училиште без пластика“.
За таа цел е спроведена собирна акција на пластични шишиња, во која беа вклучени сите ученици од училиштето.
– Собраните пластични шишиња беа однесени во повратните вендинг машини на Пакомак и беа освоени зелени поени. Бројот на освоени зелени поени докажува дека сме допреле до свеста на учениците, кои сега се залагаат за создавање одржлив систем преку селекција на отпадот, велат од училиштето.
Целта на проектот е создавање одржлив систем за селектирање пластика, метал и ситен електронски отпад. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 36