Минувач забележал експлозивна направа во езерото, полицијата врши увид (Фото/Видео)
декември 18, 2024

Охрид, 18. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Случаен минувач попладнево забележал и пријавил до полицијата експлозивна направа во плитките делови на Охридското Езеро, во непосредна близина на пешачката зона на кеј „Македонија“.

На лице место се излезени соодветни екипи кои вршат увид и ќе постапат соодветно процедурите предвидени за вакви случаи.

Ова не е прв пат да се забележуваат вакви експлозивни средства во поплитките делови од езерото. Најчеста причина се брановите кои ги носат од подлабоките делови, каде и покрај неколкуте акции за чистење на езерото од вакви експлозивни средства, очигледно се’ уште ги има. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука