Охрид, 18. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти декември 2024 година, во 20:45 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 27-годишно лице од Охрид, со привремено живеалиште во Австралија, затоа што се однесувал агресивно и со остар предмет се заканувал на член на неговото семејство.
– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 40