Охрид, 18. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво во обид“ и „загрозување на сигурноста“.
– На 13-ти ноември 2024 година, во 22:15 часот во спортска обложувалница во Охрид, со закани и агресивно однесување кон вработениот се обидел да одземе пари, по што искршил делови од инвентарот и машините поставени во објектот, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 40