На плоштадот „Крушевска Република“ се одржа хуманитарниот настан „Новогодишен сон“
декември 18, 2024

Охрид, 18. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Црвен Крст Охрид и Општина Охрид, денеска на плоштадот „Крушевска Република“ се одржа предновогодишниот хуманитарен настан „Новогодишен сон“.

Средствата кои се собраа ќе бидат наменети за разубавување на новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид.

На настанот со музички точки настапуваа ученици од второ и трето одделение од основните училишта во Општина Охрид, а воедно и продаваа производи изработени од нивните вредни рачиња. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука