Охрид, 18. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако веќе неколку пати беше скршено, неодговорни поединци денеска повторно го оштетиле „Охридскот срце“ кое се наоѓа на Градскиот плоштад во Охрид.
Истото е место каде гостите и охриѓани често се фотографираат, со стариот дел од градот во позадина.
Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, кои совршено ја опишуваат оваа состојба на умот и духот.
– Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже.
Е па пријатели… Срамизам… (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес
Прочитано: 14