Охрид, 19. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти декември 2024 година, во 01:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишно лице од Скопје.
– При преглед во неговото патничко возило марка „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, извршен кај туристичката населба „Свети Стефан“, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, метален грендер и повеќе семки од растението канабис. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 94