Струга, 19. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 54-годишна жена од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија“.
– При контрола од екипа од ЕВН, извршена на 8-ми октомври 2024 година, во нејзиниот стан во Струга, констатирано е дека со премостување на една фаза директно на соодветен оператор на системот, во периодот од ноември 2023 година до октомври 2024 година противправно користела електрична енергија, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 43