Охрид, 20. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека се организра Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба.
Станува збор за новопланиран СН10(20)кV кабелски подземен вод со новопланирана трафостаница ТС 10(20)/0,4kV на дел од КП 745/2 во КО Охрид 4, Општина Охрид, со тех. бр. Е-150/ 23-уп oод март 2024 година изработен од Друштво за производство, трговија и услуги „Електро Дизајн“ ДООЕЛ Охрид.
Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба: Новопланиран СН10(20)кV кабелски подземен вод со новопланирана трафостаница ТС 10(20)/0,4kV на дел од КП 745/2 во КО Охрид 4, Општина Охрид, со издадени Услови за планирање на просторот, тех. бр. Y27523 од февруари 2024 година, изработени од Агенција за планирање на просторот, со Решение за Услови за планирање на просторот, арх.бр. УП1-15-447/2024 од 11.03.2024 година од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Должина на проектниот опфат на подземниот вод изнесува 16,4м1
Широчина на проектниот опфатот планиран за подземниот вод е 1 м1
Површината на новопланираната трафостаница изнесува 25 м².
Површината на проектен опфат изнесува 40 м².
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба: Новопланиран СН10(20)кV кабелски подземен вод со новопланирана трафостаница ТС 10(20)/0,4kV на дел од КП 745/2 во КО Охрид 4, Општина Охрид, со тех. бр. Е-150/ 23-уп oод март 2024 год. изработен од Друштво за производство, трговија и услуги „Електро Дизајн“ ДООЕЛ Охрид, надлежниот орган во електронска форма го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Охрид https://www.ohrid.gov.mk/ и на официјалната страна од е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk. Евентуални забелешки можат да се достават секој работен во архивата на Општина Охрид, од 23.12.2024 до 15.01.2025 година.
Повеќе информации ОВДЕ. (Крај)
извор. ОхридПрес фото: ОхридПрес