Охрид, 21. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 5. степени.
– Денес, особено претпладне ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер (над 65 km/h) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Преодно стабилизирање на времето ќе има утре. Од понеделник под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север се очекуваат нови врнежи претежно од снег и ќе се формира снежна покривка и во пониските места, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес