Здравје: Популарното Дубаи чоколадо не е за секого – може да влијае на варењето и да предизвика алергиска реакција
декември 22, 2024

Охрид, 22. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Целиот свет и понатаму е „луд“ по популарното Дубаи чоколадо, но какви ефекти има тоа врз нашето здравје?

Популарното чоколадо со своите состојки – ф’стаци, таан и печен кадаиф го привлече вниманието на голем број луѓе од целиот свет. Сепак, неговата висока цена не е единствениот проблем поврзан со овој десерт. Иако привлекува внимание со својот луксузен изглед и неодоливиот вкус, диететичарите предупредуваат и на штетното дејство на ова чоколадо.

– Шеќерот, мастите, кофеинот и другите состојки во овој вид чоколадо може негативно да влијаат на варењето, предизвикувајќи рефлукс, гасови и грчеви, особено кај луѓето со чувствителен дигестивен систем, објаснуваат тие.

Дубаи чоколадото, богато со ф’стаци, може да биде ризично за луѓето кои се алергични на овие јаткасти плодови. Кремовите може да предизвикаат сериозни алергиски реакции, додека глутенот во кадаифот е проблем за луѓето со нетолеранција на глутен. Печениот кадаиф за некои луѓе е потежок за варење, но помала е веројатноста да предизвика алергиски реакции. Содржи и многу шеќер, кој брзо го зголемува нивото на гликоза во крвта, го стимулира лачењето на инсулин, а со текот на времето може да доведе до отпорност на инсулин и да го зголеми ризикот од дијабетес тип 2. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука