Охрид, 23. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден од најпочитуваните светски кантавтори и омилен текстописец на новата генерација, Hozier го претстави новиот албум „Unreal Unearth: Unending“, откако се најде на врвот на топ-листата за синглови во Велика Британија со „Too Sweet“ на почетокот на годината.
Овој специјален луксузен албум е проширена верзија на неговото бр. 1 издание во 2023 година „Unreal Unearth“ и ја вклучува претходно необјавената песна „Hymn To Virgil“, снимена за време на студиските сесии за „Unreal Unearth“.
– Многу сум среќен, возбуден и горд што го претставувам албумот „Unreal Unearth: Unending“. Се надевам дека ќе ви се допадне, им порача музичарот на своите фанови преку социјалните мрежи.
34-годишниот ирски уметник Andrew John Hozier-Byrne се стекна со светска популарност со глобалниот хит „Take Me To Church“, кој брои милијарди слушања на музичките платформи, го достигна второто место на листата на Billboard Hot 100 и беше сертифициран како мулти-платинест сингл во неколку земји. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива