Охрид, 23. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се предвидува дека вработените во музичката индустрија ќе изгубат речиси четвртина од својот приход поради вештачката интелигенција до 2028 година, покажаа резултатите од една глобална студија за влијанието на вештачката интелигенција врз музичкиот и аудиовизуелниот сектор.
Според истиот извор, приходите на оние кои работат во индустријата ќе паднат за 24% во текот на следните четири години, а оние кои работат во аудиовизуелниот сектор ќе имаат помали приходи за 21%. Во исто време приходите од генеративните услуги за вештачка интелигенција во музичкиот и аудиовизуелниот сектор се предвидува да пораснат од 3 милијарди фунти на 64 милијарди фунти до 2028 година.
Заедно со овој експоненцијален раст на вештачката интелигенција, има и загуба на аудио и визуелниот сектор од цели 22 милијарди евра.
– За креативците од секаков вид, од текстописци до филмски режисери, сценаристи до филмски композитори, вештачката интелигенција има моќ да отклучи нови и возбудливи можности, стои во анализата, каде се додава дека, доколку е лошо регулирана, вештачката интелигенција има моќ да им нанесе голема штета на човечките автори, нивните кариери и нивните средства за живот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архивa