Левица: Катната гаража во Охрид уште едно лажно ветување на градоначалникот Пецаков
декември 22, 2024

Охрид, 22. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Кирил Пецаков и ДПМНЕ не го исполнија тоа што го ветија во десетте топ проекти во предизборната програма со којашто ја освоија локалната власт во Охрид, реагираат од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.

– Имено, Пецаков предизборно на Охриѓани им вети и катна гаража со која би се решил проблемот со кој охриѓани мака мачат со сообракајниот хаос, блокирани улици, тротоарари, пешачки и велосипедски патеки, при што претставува особено изразен проблем за време на туристичката сезона. Долго најавуваната катна гаража за која сите охридски градоначалници се пофалија со проекти останува заглавена во бирократските лавитинти, се чека на повик за јавно партнерство, но останува неизвесно чии бизнис интереси и апетити треба да бидат задоволени. Политичката партија Левицa ЛО Охрид апелира до градоначалникот да го исполни тоа што го имаше истакнато во предизборната програма како приоритет на градот. Односно преку овој проект освен подобро организирање на сообраќајот во градот се подобрува туристичката понуда во Охрид и директно се придонесува за зголемување на атрактивноста на градот, привлекување и задржување на посетителите и туристите. Ова е само еден од многубројните проекти со коишто директно беа излажани охриѓани, а особено гласачите на ДПМНЕ. На виделина излезе дека единственатa цел била да се дојдe на позиција и лично да се оствари профит, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука