Охрид, 22. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво во обид“ и „загрозување на сигурноста“.
– На 13-ти ноември 2024 година, во спортска обложувалница во Охрид, пријавениот со закани кон вработениот, се обидел да одземе пари, а откако не успеал, оштетил дел од инвентарот, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 40