Охрид, 23. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Известување:
„Доо Стентон Градба-Битола” известува дека согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш-Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од 19-ти декември 2024 година до завршување на градежните работи.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
Времен режим на сообраќај:
Поради изградба на патен коридор 10Д, делница Прилеп-Битола, извршено е пренасочување за секаков вид на сообраќај и тоа од клучка Тополчани по РП 1101 до депонија „Алинци“. Временскиот режим започна на 8-ми октомври 2024 и ќе трае една година.
„Синтек инженеринг“ ДООЕЛ известува за отпочнување на времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија-Смоквица од 3-ти октомври до 1. декември 2024 година, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т1. Имено десната тунелска цевка на тунел Т1 ќе биде целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе биде целосно пренасочен во левата тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
„Страбаг“ АГ подружница „Страбаг“ Скопје известува за времена измена на сообраќајот од 8-ми октомври до 31-декември 2024 година на автопат А1 делница Велес-Неготино поради изградба на делница Градско-клучка „Дреново“. Сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација.
Зимска опрема:
Од 15-ти ноември 2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2025 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Сезонски режим на сообраќај:
Патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“, од 15-ти ноември 2024 година е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Работи на пат во регионот:
На патниот правец Кичево-Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа се препорачува строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.
Oд 24-ти октомври 2023 година се започна реконструкцијата на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.
Корисни информации:
Сообраќајни прописи во Република Македонија
Патарини во Република Македонија
Видео камери
Информации за патување во странство
Патарини во Европа
Цени на горива (Крај)
извор: АМСМ фото: ОхридПрес