Охрид/Скопје, 23. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Македонската Таеквондо федерација и Таеквондо клубот „Кобра“ од Скопје, викендов во Скопје се одржа последниот турнир од системот на натпревари во Република Македонија „Кикмас 2024“.
ТКД „Хваранг Фист“, како претставник од Охрид, за жал заради повреди, настапи со 10 натпреварувачи и постигна одлични резултати.
– Очекувани резултати од секој наш борец, без изненадувања. Севкупно совоивме 4 златни, 3 сребрени и 3 бронзени медали е конечниот резултат за нас. Новата натпреварувачка сезона ја започнуваме во февруари со семинар во Бугарија, а потоа следува една тешка сезона за нашите најдобри кадети и јуниори со неколку Г1 и Е1,Е2 турнири каде се собираат поени за светската ранг листа, информираат од ТКД „Хваранг Фист“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива