Охрид, 23. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Националниот парк „Галичица“ организира новогодишната работилница за деца, за изработка на уникатни новогодишни украси од природни материјали.
– Ова е повеќе од само работилница, ова е авантура која ги учи децата за природата, ги инспирира со креативност и ги обединува со другарчиња во празнично расположение, а во сето тоа ќе ни помогне нашата драга Симона Ангелоска. Нека оваа работилница биде инспирација за креативност и љубов кон природата, велат од НП „Галичица“.
Работилницата е наменета за деца од 7 до 10 годишна возраст, а местата се веќе пополнети.
Ќе се одржи во петок, на 27-ми декември 2024 година, од 12:00 часот, во Инфо центарот на НП „Галичица“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 33