Внимателно кон Скопје: Забрана за движење за товарни возила на премините „Пресека“ и „Стража“
декември 23, 2024

Охрид, 23. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:

– Дебар-Маврово
– Охрид-Кичево (Пресека)
– Кичево-Гостивар (Стража)
– Тетово-Попова Шапка (забрана за товарни моторни возила, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука