Охрид, 23. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри декември 2024 година, во 23:10 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 44-годишно лице од Охрид кое го нарушило јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување.
– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 45