Струга, 23. декември 2024 (ОХРИДСПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 58-годишно лице од струшкото село Франгово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
– При контрола, извршена на улицата „Ристо Крле“ во Струга, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа хероин, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 15