Охрид, 24. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти декември 2024 година, во 18:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Јане Сандански“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.
– Во незгодата учствувале патничко возило марка „Пежо 407“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 32-годишно лице од Охрид, кое удрило во 74-годишна жена, двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 62