Охрид, 24. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 69-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
– Тој, на простор на поранешното АД „Трудбеник“ во Охрид, узурпирал катастарски парцели во државна сопственост, кои со одлука на Совет на Општина Охрид се отстапени на времено користење на ЈП „Билјанини извори“, каде незаконски вршел наплата за паркинг услуга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 55