Охрид, 25. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните од католичка вероисповед денес го прославуваат Божик, Денот на Христовото раѓање.
Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.
Католичките верници денеска ги отвораат вратите на своите домови за гости, а ги отвораат и срцата. Радост ги исполнува домовите. Исчистените и украсените домови ги осветлуваат четирите адвентски свеќи. По една се пали на ручекот, секоја недела до Божик.
Традиционално приготвуваат сарма и печено месо, печена мисирка, но и многу слатки. Католички Божик не може да се замисли без присуството на членовите од семејството. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 46