Берлин, 9. февруари 2015 година (ОХРИДПРЕС) – Полицијата го затвори влезот на аеродромот во Хамбург поради хаосот предизвикан од штрајкот на припадници на безбедносните сили, јавија германските медиуми.
Според германската агенција ДПА, портпаролот на аеродромот во Хамбург, Стефани Потешко ја опиша ситуацијата на аеродромот како „катастрофална“.
Околу една четвртина од летовите беа откажани поради штрајкот.
Властите во Хановер и Штутгарт ги предупредија патниците дека на овие аеродроми можат да очекуваат долги редови на контролните пунктови. (Крај)
извор: BBC фото: архива
Прочитано: 27