Охрид, 28. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се’ поголеми се оштетувањата на пешачката патека која води кон хотелот „Парк“ и најпопуларните плажи на охридското крајбрежје.
Најчесто страдаат чешмите, клупите и канделабрите, но се’ повидливи се оштетувањата и на подлогата на самата патека, која секојдневно ја користат голем број охриѓани и гости за рекреација.
Ова е само продолжување на неодговорното однесување на поединци. Претходно „настрадаа“ дел од чешмите кои се поставени за освежување, а редовна „мета“ се и клупите, но и осветлувањето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 58