Заменик-директорот на Царина, Каба учествувал во сообраќајна несреќа на патот Струга-Охрид
декември 29, 2024

Струга, 29. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна несреќа се случила вечерва на стариот пат Струга-Охрид, а според информации на Тв Телма, во неа учествувал и заменик-директорот на Царина Гарип Каба.

Од охридската полиција кратко за Тв Телма одговориле дека лицата од двете возила кои се судриле имаат полесни повреди или не се повредени. Покрај Каба во возилата се наоѓале и жена и дете, потврдија оттаму.

На лице место се наоѓаат двете возила од кои едно е сина шкода со дебарски таблички. По увидот ќе се знаат причините за сударот.

Гарип Каба како кадар на Алијанса за Албанците на Таравари, во август беше именуван за заменик директор на Царината. (Крај)

извор: Тв Телма фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука