Охрид, 8. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот пејач, композитор и продуцент Димитар Андоновски го претстави спотот за својата песна „Бура“, која беше изведена на годинешниот Макфест.
„Бура“ е песна што го отсликува внатрешниот свет на емоции, борби и турбуленции, инспирирани од лични искуства. Комплетното авторство, музиката, текстот, аранжманот и продукцијата се дело на Димитар, кој со оваа песна уште еднаш ја докажува својата уметничка автентичност.
– Оваа песна е одраз на внатрешните битки кои сите ги доживуваме. „Бура“ ја доловува силата на емоциите и внатрешните турбуленции кои сите ги чувствуваме во одредени моменти, вели Димитар. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 39