Битола/Охрид, 6. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – АД „Мепсо“ го стави во полна функција 400/110 кV трансформатор во трансформаторската станица (ТС) Битола 2, што ќе обезбеди енергетска стабилност за југозападна Македонија и за целиот национален енергетски систем.
– Пуштањето во функција на новиот трансформатор го зајакнува клучниот дел од енергетската инфраструктура, враќајќи ја сигурноста во регион што беше изложен на сериозни ризици. Благодарение на проактивната интервенција на новото раководство, решен е еден од најголемите системски проблеми и се обезбеди стабилност на енергетскиот систем каде што беше најпотребна. Со ставањето во функција на новиот 400/110 kV трансформатор, целосно ќе се обнови енергетскиот систем ТС Битола 2, значително намалувајќи го притисокот врз преносната мрежа. Ќе ја зајакне сигурноста на снабдувањето во градовите Струга, Охрид, Ресен, Битола и Прилеп, обезбедувајќи стабилна електрична енергија за време на зголемената потрошувачка во зимските месеци и ќе обезбеди непречено производство на електрична енергија во РЕК Битола, кој е клучен снабдувач на електрична енергија во државата, информираат од АД „Мепсо“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива