Охрид, 10. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Физичката активност долго време се смета за клучен елемент за одржување на здравјето, а новото истражување на Универзитетот во Ајова дава изненадувачки податоци кои нагласуваат како дури и малите промени во нивото на физичка активност можат да донесат големи здравствени придобивки.
Студијата направена на 7.000 пациенти покажа дека редовната физичка активност, како што е умерено енергично одење од најмалку 150 минути неделно, може значително да го намали ризикот од развој на 19 хронични здравствени состојби, вклучувајќи срцеви заболувања, рак, депресија и дијабетес. Од друга страна, луѓето кои воопшто не вежбале биле изложени на најголем ризик од развој на овие болести.
Како дел од студијата, пациентите пополнувале краток прашалник кој траел помалку од 30 секунди и вклучувал прашања за нивните навики за вежбање.
Малите промени во вашата рутина можат да направат голема разлика за вашето здравје
– Оваа едноставна алатка ни овозможува вреден увид во здравствената состојба на пациентот и треба да биде основа за препораки за физичка активност, вели еден од авторите на студијата, истражувач и професор д-р Лукас Кар.
Тој додаде дека се потребни подобри опции за поттикнување физичка активност, како што се добивање упатства и препораки за вежбање од здравствените работници.
Истражувачите потсетуваат и на важноста да се разговара за физичката активност со матичниот доктор. Дури и ако тој не нè праша за навиките за вежбање, можеме сами да ја покренеме оваа тема. Малите промени во рутината можат да направат голема разлика за нашето здравје и долговечност.
– Не срамете се да ги споделите овие информации бидејќи лекарите најдобро можат да не советуваат кога имаат целосна слика за вашата моментална здравствена состојба, заклучуваат авторите на студијата. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr