Сообраќајка на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, повредени три лица
јануари 8, 2025

Охрид, 8. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, 8-ми јануари 2025 година, во 00:15 часот во СВР Охрид беше пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, патничко возило марка „Пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20-годишно лице од селото Оровник, општина Дебрца, излетало надвор од коловозот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговите сопатници, 20-годишник од селото Велмеј, општина Дебрца и 21-годишно лице од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука