Охрид, 10. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 2013 година, во Охрид почина Кузман Поп Стефанија, долгогодишен член и водач на култниот охридски ансамбл „Билјана“.
Поп Стефанија беше член на сите состави на ансамблот, од неговото формирање пред повеќе од пет децении, како инструменталист на хармоника.
Заедно со другите членови на ансамблот, зад себе остави над 300 снимки на стари охридски староградски песни и препеви, седум албуми и неколку сингл-плочи.
Погледнете го документарниот филм за групата од далечната 1978 година, во продукција на тогашната Телевизија Скопје.
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 61