Охрид, 10. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат активностите за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улици во селото Велгошти.
– Пред почетокот на новогодишните празници се асфалтира поголемиот дел кој е предвиден со овој договор, а согласно предвидената динамика, активностите продолжија после празниците и се очекува деновиве да завршат, информираат од локалната самоуправа.
Додаваат дека вредноста на договорот изнесува околу 2.900.000 денари, а средствата се обезбедни преку Министерството за транспорт и врски и буџетот на Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21