Лос Анџелес, 09. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во Стејплс центарот во Лос Анџелес, традиционално се доделија Греми наградите.
И додека јавноста повеќе ја интересираа пикантериите и модата која беше дел од доделувањето на наградите, наградените музичари, ги средуваат импресиите. Греми наградите се сметаат за најпрестижните светски музички награди. Секоја година организаторите и Музичката академија на САД, воведува по некоја нова категорија, или пак, одредени категории ги става во мирување. Во изминатите години, имало и до 150 категории на доделување на музички награди.
Годинава имаше 83-категории.
Водител на гламурозниот настан, кој се одржа по 57-ми пат, беше раперот LL Cool J, кој беше исто така водител и за 53-то доделување на наградите.
Ова се дел од наградените:
– Снимка на годината Sam Smith – „Stay With Me“ (Darkchild Version)
Сем Смит
– Албум на годината – Beck – „Morning Phase“
– Песна на годината – James Napier, William Phillips & Sam Smith – „Stay With Me“ (Darkchild Version)
Аријана Гранде
– Најдобар нов артист – Sam Smith
Најдобро поп соло – Pharrell Williams- „Happy“ (Live)
Крис Браун
– Најдобро поп дуо – A Great Big World With Christina Aguilera – „Say Something“
– Најдобар денс албум – Aphex Twin за албумот „Syro“
Меган Трејнор
– Најдобра рок изведба – Jack White – „Lazaretto“
– Најдобар рап албум – Eminem – „The Marshall Mathers LP2“. (Крај)
Мадона
извор: ОхридПрес фото: Grammy