Во сите парохиски цркви во Охрид започна пријавувањето на капачите за празникот Богојавление Водици
јануари 11, 2025

Охрид, 11. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во сите парохиски цркви во Охрид веќе започна пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од најмасовната културно-верска манифестација кај нас Богојавление Водици.

Очекувањата се дека и годинава празникот ќе биде одбележан на највисоко ниво со бројни посетители од земјава и странство.

– До сега покрај охриѓани, своето учество го пријавиле и голем број верници од други градови на Република Македонија, информираат од Дебарско-кичевската епархија при МПЦ-ОА.

Додаваат дека во недела на 12-ти јануари и покрај најавените снежни врнежи охридските нуркачи ќе спроведат чистење на дното од Охридското Езеро, на просторот каде ќе се одржува фрлањето на Светиот крст.

Исто така, предвидени се и низа активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, соодветно украсување на градот со зеленило и верски знамиња, како и низа значајни активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука